logo
logo
logo

Актер е уапсен поради сексуален напад за време на фестивалот во Венеција (ФОТО)

Vecer | 05.09.2023

Актер е уапсен поради сексуален напад за време на фестивалот во Венеција (ФОТО)

„По написите во вестите кои се појавија на различни сајтови во врска со апсењето на шпанскиот актер Габриел Гевара во Венеција, Биеналето појаснува дека неговото присуство во Венеција не било поврзано со какви било настани или продукции поврзани со 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција“,објавија организаторите на фестивалот, пренесува La Nuova Venezia.

Гевара, кој има милиони следбеници на социјалните мрежи, го имал своето актерско деби во шпанската адаптација на нордиската тинејџерска серија Skam, пред да стане славен со Culpa mia на Амазон. Вчера тој пристигна во Венеција каде требаше да ја прими наградата Filming Italy. Се уште не се познати точните обвиненија против него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk