logo
logo
logo

„АКИ НЕ УСПЕА ДА ЈА ПОСЕТИ БОЛНАТА МАЈКА“, вели Бруно Лангер, пејачот на Атомско склониште

Vecer | 24.01.2022

„АКИ НЕ УСПЕА ДА ЈА ПОСЕТИ БОЛНАТА МАЈКА“, вели Бруно Лангер, пејачот на Атомско склониште

„Нема доволно зборови да се каже голем рокер, голем човек си замина“, вели Бруно Лангер, фронтмен на групата „Атомско склониште “ и долгогодишен колега и пријател на Аки Рахимовски во изјава за регионалните медиуми.

Се запознале, вели тој, кога Атомското склониште во Љубљана го снимало нивниот втор студиски албум.

Аки таму служел војска, а нивниот тапанар го извлекол од касарната и го донел. „Тој рече дека едвај чекал да ја заврши војската бидејќи имал големи планови со Парни ваљак“, рече Лангер.

Секаде беше во водство, секогаш имаше идеи и планови“, додаде тој и рече дека му е вечно благодарен за колегијалноста што ја покажал Аки во 2012 година, кога пропаднал проектот на Лангер, Меморијал Серџо Блажевиќ.

„Денес, веднаш по веста за неговата смрт, разговарав со Гаро Таватјан, тапанарот на Леб и сол, и тој вели дека Аки требало утре да дојде во Скопје бидејќи мајка му била тешко болна. Затоа често бил во Скопје во последно време.“ објасни Лангер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk