logo
logo
logo

„Аеросмит“ ја одложи турнејата поради проблеми со гласот на Стивен Тајлер

Vecer | 13.09.2023

„Аеросмит“ ја одложи турнејата поради проблеми со гласот на Стивен Тајлер

„Со скршено срце објавувам дека ми беа дадени строги лекарски препораки да не пеам следните 30 дена“, сподели Тајлер на Инстаграм.

- При концертот во саботата претрпев оштетување на гласните жици што проследено со крварење. Ќе мора да одложиме неколку датуми за да можеме да се вратиме и да ви го дадеме настапот што го заслужувате, појасни пејачот на Фејсбук.

Датумите првично планирани за овој месец засега се поместени за во зимата.

„Аеросмит“ неодамна ја почна својата турнеја во американската сојузна држава Филаделфија. Северноамериканската турнеја од 40 концерти се смета за прослава на 50-годишнината на рок-групата и простување со обожавателите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk