logo
logo
logo

Уапсена позната актерка, ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА НА МИЛОШ БИКОВИЌ

Vecer | 05.09.2025

Уапсена позната актерка, ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА НА МИЛОШ БИКОВИЌ

Познатата руска актерка Аглаја Тарасова е приведена на московскиот аеродром Домодедово откако кај неа биле пронајдени 0,38 грама наркотици, јавува РИА Новости, повикувајќи се на извор од безбедносните служби.

Според достапните информации, до судот веќе е поднесено барање против Тарасова за одредување на мерката притвор. Според изворот, истражителите имаат намера да побараат куќен притвор за Тарасова во случајот со шверц со дрога.

Актерката е осомничена за кривично дело според член 229.1, став 1 од Кривичниот законик на Русија, што се однесува на шверц со наркотици, психоактивни супстанции, нивни прекурсори или аналози, и кое е казниво со затвор од три до седум години.

Досега нема официјални коментари од актерката или нејзиниот адвокатски тим.

Дарија Аглаја Тарасова е родена на 18 април 1994 година во Санкт Петербург и е ќерка на познатата руска актерка Ксенија Рапопорт и бизнисменот Виктор Тарасов.

Таа беше во врска со Милош Биковиќ

Имаше значајна улога во филмот „Мраз“, 2018 година, каде што ја играше Надја Лапшина, заедно со српскиот актер Милош Биковиќ, со кого, според медиумите, беше во двегодишна врска.

За оваа улога, таа ја освои престижната награда „Златен орел“ за најдобра актерка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk