logo
logo
logo

Аца Лукас откри зошто не може да ја гледа Лепа Брена!

Vecer | 24.06.2021

Аца Лукас откри зошто не може да ја гледа Лепа Брена!

Аца Лукас неодамна ја објави својата автобиографија со наслова „Ова сум јас“ и не престанува да ја „тресе“ јавнста. Во книгата меѓу другото фолкерот открива зошто не зборува со Лепа Брена. Имено, Лукас открил дека причина за кавгата не е тоа што Брена и местела фраери на неговата бивша жена Соња, туку затоа што го навредувала.

- Кога се отселив од куќата на Бежаниска коса Соња ги собираше другарките да ја тешат. Во една прилика, добив и видео, Брена ја тешела Соња и и велела: ’Што се нервираш, што ќе ти е тој клошар и наркоман’, напишал Лукас и додал: „Брена и понатаму мисли дека сум и лут заради Мајами. Не. Прво, мојата жена не е ретард кому некој треба да му мести мажи. Второ, многу поважно: Брена доаѓаше кај мене, ја галеше ќерка ми за чиј татко зборува дека е клошар и безвреден наркоман.

Понатаму открил и дека дури после се добил и покана да пее на свадбата на Филип и Александра Пријовиќ.

- Ми се јави Филип да ме покани на свадба, а јас му реков: Фала ти Филипе, но имам еден услов. Условот е Брена да не биде на свадбата, рекол Лукас и додал дека Живојиновиќи се дружеле со него само од корист.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk