logo
logo
logo

Утре вечер собир во чест на Владо Јаневски пред СЦ „Борис Трајковски“

Vecer | 29.06.2026

Утре вечер собир во чест на Владо Јаневски пред СЦ „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 часот на платото пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит на македонскиот музички кантавтор Владо Јаневски.

Од „Прагма продукција“ ги повикаа сите што го сакаа, почитуваа и растеа со музиката на Јаневски да присуствуваат на настанот и заедно достоинствено да се простат од големиот уметник.

Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат, порачуваат од продукцијата.

Собирот ќе биде можност љубителите на неговата музика уште еднаш да се потсетат на безвременските хитови што ги остави зад себе и со песна, тишина и љубов да му кажат последно збогум.

Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ, стои во објавата на „Прагма продукција“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk