Колку секс е нормално во врската? Колку пати сте си го поставиле ова прашање? И никогаш не сте сигурни кој е одговорот.
Причината за ова е што нема точен или неточен одговор на тоа.
Количината на секс во врската зависи од индивидуалните потреби, желби и можности. Либидото на секој човек е на различно ниво и не мора да значи дека вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина по ова прашање.
И тоа е во ред, сè додека вашите потреби се усогласени. Иако потребите на партнерите ретко се сосема исти, тоа не е невозможно. Постојат парови кои имаат сексуално одности два до три пати неделно и тоа е во ред, додека некои парови водат љубов еднаш месечно.
Во врските не постои „магичен број“ или универзална норма. Истражувањата покажуваат дека просекот за повеќето парови е околу еднаш неделно. Сепак, фреквенцијата варира природно и зависи од личните потреби на партнерите, возраста и животните околности (обврски, стрес или здравје).
Еве како изгледа реалната слика низ бројки:
1 до 3 пати месечно: Често за парови со долги врски, подложни на секојдневен стрес или кои се во фаза на градење кариера.
1 до 2 пати неделно: Ова е просекот и опфаќа најголем дел од паровите кои се чувствуваат задоволни во својата врска.
Повеќе од 2 пати неделно: Почесто за помлади парови или оние кои се на почетокот на врската.
Квалитетот е пред квантитетот: Научните студии сугерираат дека сексот еднаш неделно ја максимизира емоционалната поврзаност и среќата во врската. Почестиот секс не ја зголемува нужно брачната или партнерската среќа.
Индивидуални разлики: Нормално е партнерите да имаат различен сексуален нагон (либидо).
Фази во врската: Страста природно се менува, фазата на „заљубеност“ со многу односи постепено преминува во позрела и постабилна љубов.
Во секој случај, сè е одлично додека не дојде до промена на потребите и едниот партнер не се почувствува лошо поради тоа. Тогаш најдобро е отворено да му кажете на партнерот што ве мачи, бидејќи само така ќе го решите проблемот. Најдобро е да се најде средина, бидејќи така и двајцата партнери можат да го добијат приближно она за што сонуваат и што сакаат.
Човечката сексуалност е навистина многу широк спектар во однос на сите можни преференции и, бидејќи различни луѓе сексуално се возбудуваат од различни нешта, пози и движења, тешко е да се зборува за нормална количина на секс.
Иако постојат бројни студии на оваа тема кои произведоа одредени статистики, не треба да се грижите ако не се вклопувате во мнозинството. Најважно е сопственото задоволство и способноста да водите здрав разговор за вашиот сексуален живот со партнерот.
Ако вашиот партнер често не сака да има секс, можеби треба да се потрудите повеќе. Колку повеќе внимание, допири, милувања, но и пораки, погледи, толку е поголема веројатноста дека либидото на вашиот партнер ќе биде поизразено.
Важно е да се чувствувате добро и да немате скриени фрустрации, а сè друго може да се поправи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата