logo
logo
logo

Ќерката на Ким Кардашијан го шокираше светот

Vecer | 22.10.2025

Ќерката на Ким Кардашијан го шокираше светот

Норт Вест, 12-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, предизвика многу реакции откако беше фотографирана со лажни тетоважи на лицето и украс за заби, познат како „grillz“.

Фотографиите стигнаа до мрежите, дури и до нејзиниот TikTok профил што го споделува со нејзината мајка, Ким Кардашијан. Како што можете да видите, таа носеше сини леќи, а рацете ѝ беа покриени со таканаречени тетоважи „хана“ кои не се трајни.

Коментарите на TikTok беа забранети, но следеа бројни коментари на други социјални мрежи, како што се X и Facebook.

„Зошто на малото девојче му е дозволено да го прави ова?“, „Нема шанси Ким да не знаела дека фотографиите ќе бидат објавени. Срамно“, „Зошто не го штити сопственото дете?“, „Жал ми е што го гледам ова мало девојче“, се само неколку...

Раперот Канје Вест постојано јавно ја критикуваше својата поранешна девојка Ким. Според него, нејзина е вината што нивната 12-годишна ќерка се облекува вака.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk