logo
logo
logo

Давид Темелков го најави првиот солистички концерт

Vecer | 05.02.2026

Давид Темелков го најави првиот солистички концерт

На 19-ти март, во Македонскиот народен театар, ексклузивен концерт ќе одржи еден од најемотивните гласови на македонската музичка сцена – Давид Темелков. Концертот ќе биде со наслов – Мојата Македонија.

Иако веќе подолг период живее и работи во Хрватска, Темелков никогаш не ја прекинал врската со татковината. Напротив – таа врска неодамна доби и музичка форма преку песната „Мојата Македонија“, емотивен хит кој речиси и да нема слушател што останал рамнодушен. Преку видео-обраќање на својот Фејсбук профил, Темелков им се обрати на фановите со зборови што веднаш допреа до срцето:

„Некои адреси не се забораваат, само почесто се сонуваат. А јас сонувам сè да започне баш тука – дома, во Скопје. Драги мои Македонци, на 19-ти март мојот прв солистички концерт во Македонскиот народен театар. Ве чекам со песна, ве чекам со душа“.

Овој концерт ќе биде повеќе од обичен настап – ќе биде средба на емоции, спомени и љубов кон Македонија, вечер во која публиката ќе пее, ќе се насмевнува, а можеби и ќе пушти по некоја солза. Со интимна атмосфера, силни балади и искрена интерпретација, Темелков ветува концерт што долго ќе се раскажува.

Картите за овој концерт можете да ги набавите on-line преку tix.mk и добро познатите места по цена за Партер: 1.500 денари, Галерија 1: 1.500 денари и Галерија 2: 1.200 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk