logo
logo
logo

ПРЕКРАСНА ТРУДНИЦА: Џенифер Лоренс за прв пат се појави на црвениот тепих во блажена состојба (ФОТО)

Vecer | 06.12.2021

ПРЕКРАСНА ТРУДНИЦА: Џенифер Лоренс за прв пат се појави на црвениот тепих во блажена состојба (ФОТО)

Трудната Џенифер Лоренс блесна на премиерата на новиот филм „Don’t Look Up“, во кој се собрани некои од најголемите холивудски ѕвезди. Научно-фантастичната драма на оскаровецот Адам Мекеј ќе игра во кината од 10 декември, а две недели подоцна ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“.

Триесет и едногодишната Лоренс го истакна трудничкиот стомак во златен фустан на „Диор“, а блескавиот изглед го дополни со накит на „Тифани“. Таа во септември потврди дека го чека првото дете со сопругот Куки Маруни.

Лоренс на црвениот тепих во Њујорк позираше со Леонардо ДиКаприо, а на премиерата се појавија и Мерил Стрип и Џона Хил. Во актерската екипа се и Тимоти Шаламе, Аријана Гранде, Кејт Бланшет, Рон Перлман, Тајлер Пери и Марк Рајленс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk