logo
logo
logo

ХАОС ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД! Марија и Цеца повторно СЕ СКАРАЛЕ, Ражнатовиќ и откачила: ЛУДА СИ И ХИСТЕРИЧНА

Vecer | 25.11.2021

ХАОС ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД! Марија и Цеца повторно СЕ СКАРАЛЕ, Ражнатовиќ и откачила: ЛУДА СИ И ХИСТЕРИЧНА

Во новата емисија “Ѕвездите на Гранд“ дошло до караница меѓу Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ.

Во најава за новата епизога “ЅГ“, која ќе се емитува оваа сабота, прикажана е кавгата меѓу Цеца и Марија, кои не се согласиле околу гласовите која ги добила кандидатката од тимот на Цеца.

Од оваа сабота започнува вториот круг “Ѕвездите на Гранд“, а на самиот почеток дошло до кошкање меѓу членовите на жирито.

Марија во еден момент почнала да вика по Вики Миљковиќ, со што Цеца и замерила поради повишениот тон.

- Луда си и хистерична, му урлаш, оглувев – и рекла Цеца на Марија.

- Виолета е ненормалана – и откачила Шерифовиќ.

- Ма молчи – и одговорила Цеца

Ражнатовиќ потоа и замерила на Марија што не дала глас на нејзината кандидатка.

- Имам прашање до Марија, на оваа девојка и кажа дека пее мутаво, неразговетно, а и даде глас, а на мојата кандидатка не и даде глас, а не пееше мутаво. Објасни ми кои се тоа аршини? – ја прашала Цеца Марија.

- Не и дадов глас бидејќи сте и дале погрешна песна – и одговорила Шерифовиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk