logo
logo
logo

МИШТО КОВАЧ ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА Брза помош дошла по него, сопругата Лидија порачува: “Не сум добра“

Vecer | 25.11.2021

МИШТО КОВАЧ ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА Брза помош дошла по него, сопругата Лидија порачува: “Не сум добра“

Пејачот Мишто Ковач (80) повторно итно е хоспитализиран, моментално е на оделението за пумологија.

Пред два дена имал висока температура, вчера по него дошла Брза помош во Строжевац, каде што моментално живее со сопругата Лидија во изнајмен стан, пренесува “Слободна Далмација“.

Докторите се сомневаат на запаление на плуќа. Мишо е тестиран и на корона вирус, а наодот покажал дека Лидија и тој се негативни.

- Неможам да зборувам, не сум добра – кусо порачала неговата сопруга Лидија.

Да потсетиме, Мишо уште кон крајот на октомври завршил во болница, меѓутоа после неколку дена докторите донеле одлука да го пуштат на домашно лекување и на понатамошни прегледи кои биле неопходни за да бидат сигурни за неговото здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk