logo
logo
logo

СУЛТАНКА ПРЕД И ПОСЛЕ ШМИНКАЊЕ: Мерјем Узерли се снимила и ја покажала својата трансформација (видео/фото)

Vecer | 18.11.2021

СУЛТАНКА ПРЕД И ПОСЛЕ ШМИНКАЊЕ: Мерјем Узерли се снимила и ја покажала својата трансформација (видео/фото)

Оваа вошебна црвенокоса го маѓепсала светот во серијата “Сулејман Величествен“ и од тогаш не престанува да се зборува за неа. Таа сега покажала како изгледала пред и после вештите раце на својот шминкер.

Глумицата која ја дала душата и телото за овој лик е пребава Германка со турско потекло, Мерјем Узерли. Со своето прво појавување од пред 10 години до денес, оваа убавица ја интригира јавноста.

За приватниот живот оваа 38. годишна глумица маку се знае, бидејќи го крие од јавноста. Откако и пропаднала врската со Кан Атеш од кого има ќерка, Мерјам решила да се повлече од јавноста.

Последна убава вест која стигнала од глумицата е дека во јануари оваа година станала мајка по втор пат и тоа со керќичка на која и го дала името Лили Кои. Името на нејзиниот партнер не е познато, со што не сакала своето семејство да го експонира во јавноста.

Сепак, убавата Хурем доста е активна на својот Инстаграм каде што неретко ги покажува своите комбинации на облекување.

Овој пат, повторно внимание привлекла снимката на нејзините социјални мрежи каде шминкер ја разубавува при што прикажан е целиот процес во забрзана верзија. Инаку најсилен впечаток остава тоа што оваа дама, за разлика од многу други, го снимила своето издание пред но и после.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk