logo
logo
logo

ЦЕЦА ЈА БРАНИ ВРСКАТА СО БОГДАН: Не го одбрав заради селото

Vecer | 23.10.2021

ЦЕЦА ЈА БРАНИ ВРСКАТА СО БОГДАН: Не го одбрав заради селото

Пејачката бесна на сите кои мислат дека имаат право да го коментираат нејзиниот љубовен живот.

Цеца Ражнатовиќ подолго време е во љубовна врска со Богдан Срејовиќ, млад бизнисмен, а нивниот однос неретко е тема во јавноста. Токму поради тоа пејачката морала да реагира.

Имено, на бројни гласини и критики за љубовната врска со Богдан, кој е помлад од неа, пејачката како од топ одговорила...

- Не го избрав за селото, туку за себе, така да воопшто не ме интересира - изјави Цеца во емисијата „Ексклузив“.

Тие двајца неодамна се вратиле од одмор на Кипар, каде што престојувале во нејзината семејна куќа заедно со пријателите. Исто така медиумите наведуваат дека тие двајца почнале да живеат заедно во нејзиниот дом на Дедиње, но пејачката сеуште не ги потврдила ниту демантирала овие тврдења.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk