Уметничката, чии песни ги паметат генерации низ цела поранешна Југославија, почина вчера, 11 август, на 89-годишна возраст во Домот за стари лица, каде што беше сместена поради повреда на ҆рбетот.
Според неофицијални информации, само роднини и пријатели ќе ја придружуваат Габи Новак до нејзиното вечно почивалиште.
– Габи, која целиот свој живот го поминала живеејќи нормално, скромно, учтиво и дискретно, сигурно би го сакала тоа – изјавиле нејзините пријатели за „Јутарњи“.
Датумот на погребот на пејачката, која почина само два месеци по нејзиниот син Матија Дедиќ, сè уште не е познат, додека комеморацијата ќе биде организирана во септември во Загреб, пишуваат хрватските медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата