logo
logo
logo

ХОЛИВУД ТАГУВА: Почина Дајан Китон

Vecer | 11.10.2025

ХОЛИВУД ТАГУВА: Почина Дајан Китон

Легендарната актерка Дајан Китон почина. Имаше 79 години, според списанието „Пипл“, таа почина во Калифорнија, деталите се непознати. Нејзините роднини побараа приватност.

Китон е родена во Лос Анџелес во 1946 година како Дајана Хол, а славата ја стекна во 1970-тите благодарение на нејзината улога во филмовите „Кум“ и соработката со режисерот Вуди Ален.

Таа ја освои наградата Оскар за најдобра актерка за „Ени Хол“ во 1977 година. Нејзината долга кариера вклучуваше филмови како „Клубот на првите сопруги“, повеќекратни соработки со режисерката Ненси Мејерс и франшизата „Клуб на книгата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk