logo
logo
logo

TOP MODEL INTERNATIONAL 2025

МАКЕДОНКА ПОБЕДИ на избор за убавина во Монако

Vecer | 27.05.2025

МАКЕДОНКА ПОБЕДИ на избор за убавина во Монако

Минатата недела во престижната сала Sporting Monte Carlo во Монако се одржа финалето на 21. изборот за Top Model International 2025, на кој победи нашата претставничка, 15-годишната Лара Станчева ученичка во СУ Георги Димитров од Скопје. Таа овој фантастичен успех го направи во конкуренција на 59 девојки учеснички од целиот свет !!

Лара е членка на модното студио Црнокрак, од кое добивме информации во врска со овој интернационален избор за модели, на кој Македонија за прв пат имаше свои претставници.

Првично од преку 10.000 кандидати, пријавени онлајн од целиот свет се избраа 5.000 од 35 националности, кои беа на кастинг во повеќе градови во Европа. На кастингот во Париз Лара беше избрана за полуфинале во Брисел заедно со 450 кандидати. И таму Лара одлично се претстави и влезе во финалето, меѓу најдобрите 111 девојки, од кои 52 беа во конкуренција на модели и 59 во конкуренција на фотомодели.

Финалето се одржа во престижната сала Sporting Monte Carlo, а Лара Станчева победи во конкуренција на фотомодели. Кај машките победник е Матео Мергни од Белгија, а Македонија ја претставуваше Димитар Димоски, кој имаше најголем број гласови од публиката и во Брисел ја освои наградата фотосесија во Сен Тропе.

Во конкуренција на модели победи Ема Демеи од Франција, а кај машките претставникот на Италија Федерико Росини.

За победата Лара доби учество во два големи проекти, две големи кампањи за светски познати модни брендови, за кои снимањата во наредниов период ќе бидат во Маракеш, Мароко и на Малдивите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk