logo
logo
logo

Заљубена сум во тебе, ожени ме: Евровизискиот победник продолжува да освојува (ФОТО)

Vecer | 21.06.2021

Заљубена сум во тебе, ожени ме: Евровизискиот победник продолжува да освојува (ФОТО)

Победникот на овогодишното издание на Евровизија, Дамијано Давид (22), повторно заблеска на интернет, овој пат со својата последната објава.. Имено, тој објави фотографии кои предизвикаа реакции ширум светот.

Италијанецот позирал во кожни панталони и мрежеста блуза, со залижана коса и нашминкани очи и усни.

„Заљубен сум во мојот кармин за усни“, напишал Дамијано во описот на фотографиите кои ги споделил на Инстаграм.

Објавата брзо собрала милион и пол допаѓања, а ниту неговата девојка не останала рамнодушна на фотографиите.

„И јас сум“, одговорила Џорџи на зборовите на Дамијано. Нејзиниот коментар го лајкувале повеќе од 8.000 корисници.

Дамијано за кратко време ги освои девојките ширум светот и стана препознатлив по својот стил, па обожавателките и овојпат не го криеле воодушевувањето од неговиот изглед.

„Заљубена сум во тебе“, „Ожени ме“, „Биди мој“, се само некои од коментарите кои обожавателките ги оставиле под фотографиите.

Музичарот на Инстаграм моментално го следат повеќе од 3,8 милиони, меѓутоа, тој секојдневно има сè поголем број на фанови кои покрај музиката, го обожуваат и неговиот стил на облекување, но и шминкање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk