logo
logo
logo

ПЛАНЕТАТА ОСТАНА БЕЗ ХУМОР: Почина светскиот бог на смеата, милијарди во солзи

Vecer | 29.04.2021

ПЛАНЕТАТА ОСТАНА БЕЗ ХУМОР: Почина светскиот бог на смеата, милијарди во солзи

Популарниот телевизиски лик Хуан Хоја Борха, познат по прекарот 'El Risitas', починал во болницата Вирген дел Росио во Севиља.

El Risitas  вчера после пладне морал да биде префрлен од болницата де ла Каридад  Севиља (каде што и живеел) во универзитетската болница  Вирген дел Росио, каде што и починал.

Во септември 2010 година “El Risitas“ е примен во болница  де ла Каридад во Севиља, и од тогаш престојувал. Во 65 година од животот откако претрпел ампутација на ногата како резултат на болест тој побарал прием во институцијата која ја промовирал  преподобниот Мигел Манара и со која управува братството Санта Каридад де Севиља.

Планетарна слава стекнал со своето познато смеење во една од своите емисии, а делови од емисијата титлувани се на стотина светски јазици и користени  за повеќе од милион ситуации.

https://youtu.be/Fkk9DI-8el4

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk