logo
logo
logo

Анџелина Џоли откри зошто повеќе не режира филмови: Морам да сум дома! (ВИДЕО)

Vecer | 23.04.2021

Анџелина Џоли откри зошто повеќе не режира филмови: Морам да сум дома! (ВИДЕО)

Холивудската актерка, Анџелина Џоли веќе неколку години не режира филмови, туку му се посвети на актерството. Џоли објасни и зошто ја донела таа одлука.

„Обожавам режија, но има промена во мојата семејна ситуација што прави невозможно да режирам неколку години“, изјави актерката за „Ентертејмент викли“.

Како што тврди актерката, ѝ требале пократкотрајни работи за да може што повеќе време да поминува дома. Иако Џоли и Бред Пит се разделени подолго време, официјалниот развод сè уште не е завршен.

Наскоро излегува филмот „Those Who Wish Me Dead“ со Анџелина во главната улога. Наидувала на проблеми додека глумела.

Таа морала да го потисне мајчиниот инстинкт затоа што ликот што го отелотворува има поинаков став кон децата.

– Понекогаш режисерот Тејлор Шеридан ме коригираше, бидејќи моето однесување кон детето беше различно од однесувањето на Хана кон некое дете. Ми требаше некое време да почнам да се однесувам лошо, но успеав – рекла Џоли.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=NjQLaYkcUjE&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk