logo
logo
logo

Кавали на 80 има 47 години помлада девојка, ЗА РОДЕНДЕН „СКРОМНО“ И КУПИ ОСТРОВ

Vecer | 10.04.2021

Кавали на 80 има 47 години помлада девојка, ЗА РОДЕНДЕН „СКРОМНО“ И КУПИ ОСТРОВ

Поради огромната разлика во возраста, сите им предвидуваа крај. Ја нарекоа Лина спонзоруша затоа што стапи во врска со Роберто Кавали, кој по возраст може да и биде дедо. Сепак, нивната врска се спротивставува на ваквите теории.

Познатиот италијански моден креатор Роберто Кавали (80), покрај импресивната модна кариера, има и богат љубовен живот. Тој се ожени двапати и имаше пет деца.

Иако влезе во деветтата деценија од својот живот, тој ужива во романса со својата 47-годишна помлада девојка Лина Нилсон.

Роберто познато е дека честопати и подарува луксузни подароци, а како што се пишува по медиумите тој наводно и купил приватен остров во нејзината родна Шведска, за што издвоил 2,22 милиони фунти.

На островот има четири  вили, ловечки дом, базен и остатоци од викиншка тврдина, како и терен за голф.

Откако на медиумите им пропадна тврдењето дека парот ќе се раздели, се шпекулираше дека го изговори судбоносно „да“, но тоа сè уште не се случило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk