logo
logo
logo

СКАНДАЛОЗНА изјава на бивша љубовница на Бранислав Лечиќ: Даниела го СИЛУВАЛА него, а не тој неа

Vecer | 26.03.2021

СКАНДАЛОЗНА изјава на бивша љубовница на Бранислав Лечиќ: Даниела го СИЛУВАЛА него, а не тој неа

Атина  Ферари тврди дека била љубовница на Лечиќ и верува дека не ја силувал Штајнфелд.

Старлета и бивша учесничка во “Парови“ Кристина Марковиќ. позната како Атина Ферари, своевремено тврдела дека била љубовница на глумецот Бранислав Лечиќ. Објавувала на својот Фејсбук  фотографии на кои се гушкала со него и зборувала каков е во кревет.

Тој аферата ја демантирал, а Атина и понатаму стои за тоа што го зборела пред шест години.

“Вистина е, бев со него додека беше оженет, но поради моето јавно признавање тогаш не бевме во добри односи, меѓутоа се се искристализира. Искрено, сега за него имам феноменално мислење. Се си дојде на свое. Последните неколку години имаме убав однос. Тогаш ја изнесов само вистината, немав намера да го брукам, но тој мораше да се брани бидејќи беше оженет“, рекла Атина, за “Ало“! и додала:

“Откако повторно стана слободен, сватил некои работи и ми се извини за тоа што пред медиумите зборувал дека не ме познава. Мене со тек на времето ми стана јасно и немав проблем“.

Старлетата се осврнала на тврдењето на глумицата Даниела Штајнфелд дека ја силувал Лечиќ...

“По повод актуелниот случај, признавањето на глумицата дека тој ја силувал, мислам дека не е вистина. Чудно ми е, ако си жртва на силување, не пријавуваш веднаш туку чекаш неколку години... Тоа се баналности. Верувам дека можеби таа го силувала него, а не тој неа. Лечиќ е шмекер, господин, вистински фраер, сигурна сум дека  го сакаат сите девојчиња, а можеби и глумицата се закачила на него“, рекла старлетата

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk