logo
logo
logo

Били Ајлиш се плаши за својот живот: Обожавател ми се заканува со смрт и постојано ме следи

Vecer | 22.02.2021

Били Ајлиш се плаши за својот живот: Обожавател ми се заканува со смрт и постојано ме следи

Американската пејачка, Били Ајлиш, побарала забрана за приближување против човек по име Џон, бидејќи ја прогонува и го следи секој нејзин чекор.

Како што наведуваат американските медиуми, тој последните шест месеци ја малтретирал и ѝ се заканувал со застрашувачки пораки и наводни чудни гестови.

Сето тоа се случувало во близина на нејзината куќа во Лос Анџелес.

Според тврдењата на Били Ајлиш и како што пренесуваат американските медиуми, Џон Хирл кампувал во училиштето кое е спроти нејзината куќа.

Били наведува дека забележала многу заканувачки пораки и вознемирувачки писма, а тврди и дека забележала гестикулации како ќе ѝ го пресече вратот.

Таа открила и содржина на една порака од Џон, која многумина вознемирила.

„Не можеш да го добиеш она што го сакаш, освен ако тоа што го сакаш е да умреш за мене. Знаеш дека наскоро водата ќе се поткрене, а ти ќе умреш. Ќе умреш“, пишувало во пораката.

Пејачката тврди дека овој човек ја гледал како влегува и излегува од својот дом, а секогаш исто ѝ зборувал или правел чудни движења.

Исто така, тврди дека станала анксиозна и секојпат била многу исплашена кога морала да се врати дома или да излезе, а се плаши и за сигурноста на своето семејство.

Сега побарала мерка за забрана за приближување, за Џон да не може да ѝ се доближува, ниту на нејзиното семејство најмалку 200 метри. Полицијата од Лос Анџелес тврди дека го истражува случајот, но Џон не е уапсен, наведуваат американските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk