Пејачот Елтон Џон и актерот Мајкл Кејн се појавија во шеговите реклама се со цел да ја поттикнат јавноста да се вакцинира против коронавирусот.
Во рекламата која трае 90 секунди, Џон пее и ја пародира својата репутација на ексцентрик, додека пак Кејн се потсемва на самиот себе повторувајќи го познатиот слогат кој го користеа неговите безброј имитатори: „Тоа не го знаат многу луѓе“.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=CjzZOM6kGZg&feature=emb_title[/embed]
Британија досега ги испорача првите дози од вакцините за повеќе од 12,6 милиони луѓе и е на пат да ја достигне својата цел од 15 милиони вакцинирани во четирите главни приоритетни групи, вклучувајќи ги и повозрасните од 70 години, до 15-ти февруари.
Меѓутоа, постои загриженост дека некои луѓе нема да се вакцинираат поради дезинформациите и теориите на заговор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата