Професорката и пејачка Андријана Јаневска реагира на лагите што во прашална форма ги поставува претседателот на Централниот Одбор на СДСМ Герасим Лазов.
,,Деновиве сум мета на организиран напад на социјалните мрежи. Објавите се намерно напишани во прашална форма со очигледна намера да се избегне тужба за клевета. Вообичаено не се осврнувам на озборувања, но овојпат станува збор за лага во врска со наводни месечни примања, со што се прави обид за моја дискредитација. За жал, на социјалните мрежи секој може да напише што сака, без да понесе одговорност за напишаното”, објави Јаневска.
Јаневска регира на гласини и постови на социјални мрежи каде се шпекулира дека е советник за култура кај премиерот или на повеќе државни позиции истовремено, со паушали од 50.000 денари по функција.
,,Дали е точно дека пејачката Андријана Јаневска е советник за култура на повеќе државни функционери истовремено?
• Дали е советник за култура кај премиерот Христијан Мицкоски?
• Дали е советник за култура кај претседателката Гордана Силјановска-Давкова?
• Дали е советник за култура и во Министерството за култура кај министерот Зоран Љутков?
• Дали има и други советнички ангажмани во други институции?
❓ Ако е советник на 3 или 4 места, дали од секое место зема паушал од околу 50.000 денари — односно вкупно околу 200.000 денари месечно?
❓ Со што ги заслужила овие привилегии и примања?
❓ Нема ли и други музички уметници што можат да советуваат и да добиваат вакви ангажмани?
❗ Не е ли ред ваквите ангажмани и надоместоци да бидат јавно и транспарентно објаснети?
Јавни функции = јавна отчетност”, пишува Герасим Лазов .
Овие тврдења се лажни и се шират како дезинформации или политички напади без докази, официјални документи или потврда од институции. Нема официјална биографија, сајт на Влада или министерство што ја споменува во таква улога.
Јаневска учествува во Совет за култура при Министерството за култура (како член на стручно-советодавно тело), но тоа не е платена советничка функција со месечна плата, туку волонтерска/експертска улога.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата