logo
logo
logo

СЕ ОМАЖИ НАЈУБАВОТО ДЕВОЈЧЕ НА СВЕТОТ: Тилен Блондо кажа „да“ во Париз

Vecer | 30.06.2026

СЕ ОМАЖИ НАЈУБАВОТО ДЕВОЈЧЕ НА СВЕТОТ: Тилен Блондо кажа „да“ во Париз

Манекенката Тилен Блондо, некогаш позната како најубавото девојче на светот, се омажи за диџејот Бен Атал, три месеци откако ја објави нивната свршувачка. Блондо и Атал се венчаа во Париз.

Тилен за својот специјален ден избра елегантен бел фустан со наметка, тесен до телото. Нејзината кафеава коса беше собрана во уредна пунџа, а се одлучи и за едноставна, природна шминка. На церемонијата носеше бидермаер од бели кали.

Нејзиниот сопруг носеше класичен тегет костум комбиниран со бела кошула, додека косата му беше зачешлана наназад.

Партнерот ја запроси Блондо за време на романтично патување во Грција, а манекенката ги сподели моментите од запросувањето на социјалните мрежи. На фотографиите го покажа живописниот крајбрежен пејзаж кој Атал го избрал за да ја запроси, како и златниот свршенички прстен со голем дијамант. „Му кажав ’да‘ на мојот најдобар пријател. Засекогаш“, напиша таа тогаш.

Парот ја започна врската во 2020 година, нешто повеќе од една година откако манекенката ја прекина врската со Милан Мерит.

Кариера започната уште од најрана возраст

Блондо почнала да се занимава со манекенство уште како дете. На само четири години носеше ревија за Жан-Пол Готје, а на шест години стекна светска слава откако беше прогласена за најубавото девојче на светот. На 10-годишна возраст, Блондо стана најмладиот модел во историјата кој позирал за францускиот „Вог“ (Vogue), што во тоа време предизвика контроверзии. Имено, Тилен тогаш беше облечена во златен фустан со длабоко деколте и штикли, поради што многумина го обвинија списанието за сексуализација на детето.

Шест години подоцна, во февруари 2017 година, таа носеше ревија за „Долче и Габана“, а за истата модна куќа прошеста на пистата и во септември истата година. Манекенката стана и амбасадорка на „Лореал“ и заштитно лице на парфемот на француската дизајнерка Лолита Лемпицка.

Пред шест години таа основаше и своја модна линија под името „No Smile“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk