logo
logo
logo

Јоце Панов уклучен на ТУРБО!

Vecer | 03.06.2025

Јоце Панов уклучен на ТУРБО!

Поп-пејачот Јоце Панов на својот Јутјуб-канал објави видеоснимка од спектакуларниот концерт по повод 25 години музичка кариера. Колку за потсетување, на 8 март годинава во македонската Филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции. 

Македонскиот поп пејач одлучи да ја израдува својата публика и да им овозможи да уживаат во концертот, кој можете да го погледнете на овој линк.  

Светска сцена, со големи лед екрани и голем симфониски оркестар. Ова е последниот концерт на кој покојната Сара Пројковска беше придружен вокал. Јоце и Сара соработуваа повеќе од дваесет години.

Од ПР Тимот велат дека поп печајот во моментов подготвува неколку проекти, влезен е во студио и многу наскоро се очекува да биде објавен еден летен хит,  за кој се снима и видеозапис.  Интензивно се работи на подготовки за концертната турнеја која низ градовите во државата ќе продолжи на есен, а веќе на пролет следната година во преговори се за настапи во дијаспората кај нашинците. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk