logo
logo
logo

Кој и зошто и подметна БУГАРСКО ЗНАМЕ на Цеца на концеротот во Велес?

Vecer | 01.11.2025

Кој и зошто и подметна БУГАРСКО ЗНАМЕ на Цеца на концеротот во Велес?

Концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа вчера во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката.

За време на настапот Цеца во еден момент подигнала бугарско знаме. Дел од присутните ја исвиркаа и реагираа бурно, додека други го напуштија концертот во знак на протест.

Дел од јавноста го осуди гестот како провокација, додека други го оправдаа како дел од сценскиот настап.

Настанот, кој требаше да биде вечер исполнета со музика и забава, доби неочекуван политички тон и предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Организаторите засега не се огласи за инцидентот.

Цеца Ражнатовиќ на своите концерти развива знамиња во знак на почитување на земјата на домаќините. Таа важи за голем пријател и обожавател на македонскиот народ.

Во чест на жртвите во трагедијата во Кочани, таа го разви македонското знаме на концертот во Врање пред 6 месеци.

На концерт во Ниш во 2013 година исто така го разви македонското знаме.

На концерт во салата Борис Трајковски во 2014 година, таа го вееше македонското знаме и заплака за „Зајди, зајди“.

На концерт во Лондон во 2016 година, исто така разви македонско знаме.

На концерт во салата Борис Трајковски во 2017 година, таа се покри со македонско знаме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk