Раперот Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа, 2 август. Вечерта, полицајците му ставиле лисици на раперот пред хотел во Охрид, пред очите на минувачите.
Како што дознаваме, Раста се упатувал кон стадионот каде што требало да настапи пред македонската публика, а потоа бил уапсен.
Да потсетиме дека Раста веќе бил уапсен во октомври 2020 година кога полицијата кај него пронашла пет грама марихуана, а потоа, по барање на обвинителството, бил извршен претрес во неговиот стан, каде што бил пронајден „сканк“.
Раста потоа бил испрашуван пред Вишото обвинителство во Белград, по што обвинителството му одредило тримесечен притвор.
По излегувањето од затвор, Раста бил осуден на осум месеци домашен притвор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата