logo
logo
logo

Додека трае скандалот со синот, Викторија Бекам одликувана со високо француско признание

Vecer | 27.01.2026

Додека трае скандалот со синот, Викторија Бекам одликувана со високо француско признание

Модната дизајнерка и поранешна членка на групата Spice Girls е одликувана со престижната витешка титула Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres.

Станува збор за едно од најугледните признанија што француската држава им ги доделува на поединци за исклучителен придонес во уметноста, книжевноста и културата, како во Франција, така и на меѓународната сцена.

На свечената церемонија присуствуваа речиси сите членови на семејството Бекам (освен синот Бруклин), кои изгледаа видно расположени и заедно позираа пред фотографите.

Во обраќањето по доделувањето на признанието, Викторија Бекам истакна колку ѝ значи оваа награда, нагласувајќи дека за неа претставува голема чест што француското Министерство за култура го препознало нејзиниот труд во областа на уметноста и книжевноста.

„Голема чест ми е што француското Министерство за култура ми ја додели витешката титула за уметност и книжевност. Отсекогаш сум ја ценела француската естетика и сериозноста со која се пристапува кон модата како форма на уметност. Да се биде препознаен и прифатен на ваков начин е голема привилегија“, изјави таа.

Викторија упати благодарност и до француската министерка за култура Рашида Дати, до своите деловни соработници и до членовите на семејството, со посебна емотивна порака до сопругот Дејвид Бекам, кој, како што нагласи, ѝ бил голема поддршка во текот на целата кариера.

Да потсетиме, ова признание за Викторија Бекам доаѓа во сенка на семеен скандал кој веќе со денови ги полни насловните страници.

Станува збор за инцидент во кој нивниот син Бруклин Бекам го привлече вниманието на медиумите откако објави детали за несогласувањата со семејството, особено во врска со личните избори и приватните одлуки што ги донел, а кои предизвикале тензии во семејството Бекам.

И покрај тоа што скандалот предизвика голем интерес кај јавноста и таблоидите, Викторија во Париз покажа смиреност и фокус на својот професионален успех, а одликувањето со витешката титула Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk