logo
logo
logo

Сити радио добитник на признанието „Златни РАБ Србија“

Vecer | 29.10.2025

Сити радио добитник на признанието „Златни РАБ Србија“

Во периодот од 26 до 28 октомври на Златибор се одржа јубилејното, 30. Издание на собирот „Радио денови“ во организација на здружението РАБ Србија. Овогодинешниот собир под слоганот „Радио – глас кој трае“ повторно на едно место ги собра радиските професионалци од Србија и регионот.

Во рамки на тридневниот настан се одржаа панели, работилници и предавања посветени на иднината на радиото во дигиталното доба – од иновација до одржливост, до употребата на вештачка интелигенција во новинарството и продукцијата. Особено внимание привлекоа темите за развој на поткастите и новите начини на допир до публиката.

„Радиото не е само музички плеер – тоа информира, образува и создава своја содржина. Силата на радиото е во неговата способност да се прилагодува и опстанува“, порача претседатеделката на РАБ Србија Маја Раковиќ.

Инаку, по повод организирањето на 30. Радио денови, РАБ Србија со доделувањето на признанијата „Златен РАБ Србија“ награди поединци и организации кои со години несебично го потпомагаат и поддржуваат овој медиумски настан. Еден од добитниците е и Ѓорги Савев од македонскотСити радио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk