logo
logo
logo

(Видео) ЛЕПА ЛУКИЌ НА АНГЛИСКИ, нејзиниот хит во нова верзија стана лудило на интернет

Vecer | 25.10.2025

(Видео) ЛЕПА ЛУКИЌ НА АНГЛИСКИ, нејзиниот хит во нова верзија стана лудило на интернет

Песната „Srce je moje violina“ од Лепа Лукиќ беше преработена во модерна верзија, на англиски јазик, и за кратко време стана хит на интернет.

Снимка од песната „Srce je moje violina“, оригинално изведена од Лепа Лукиќ, во сосема нов аранжман и преведена на англиски јазик, кружи на интернет.

Песната е создадена со помош на вештачка интелигенција, која е сè попопуларна, како во создавањето нови, така и во обработката на стари песни. Песната на Лепа, во својата нова верзија, ветува дека ќе стане глобален хит.

„Оваа песна вози“, „Многу добра“, „Би ја слушала цел ден“, се само дел од коментарите.

Лепа Лукиќ отвори профил на Инстаграм пред две години, и покрај тоа што е во деветтата деценија, легендата на народната музика е во чекор со времето и е активна на социјалните мрежи, каде што стана вирална со ново видео.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk