logo
logo
logo

Познат актер заврши во затвор: Ја нападнал мајка му и го емитувал целиот инцидент во живо

Vecer | 10.10.2025

Познат актер заврши во затвор: Ја нападнал мајка му и го емитувал целиот инцидент во живо

Актерот Макс Ерих, поранешен вереник на пејачката Деми Ловато, е уапсен во Флорида под обвинение за семејно насилство. 34-годишникот е приведен под сомнение дека ја нападнал сопствената мајка, лице над 65 години, пишува People.

Ерих беше уапсен во среда, 8 октомври, во раните утрински часови и однесен во затворот во округот Сент Луси. Тој плати кауција од 1.000 долари истиот ден и беше ослободен кратко пред 15 часот по локално време.

Тепачка со мајка му во живо

Според полицискиот извештај добиен од TMZ, Ерих наводно злоупотребувал азотен оксид кратко пред нападот. Инцидентот се случил во нивниот дом во Флорида, а актерот наводно сè емитувал во живо на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk