logo
logo
logo

Почина пејачот Шпат Касапи

Vecer | 26.11.2025

Почина пејачот Шпат Касапи

Познатиот пејач на поп-музиката, Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар. Артистот не успеал да го преживее инфарктот, иако претходно немал други здравствени проблеми, пренесе ТВ21.

Шпат Касапи беше едно од најомилените имиња на албанската музичка сцена.

Роден на 1 мај 1985 година во Тетово, тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување.

Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и многу брзо се претвори во идол на младите, благодарение на модерниот стил, лесните мелодии и сценската енергија.

Стана познат на албанскиот и косовскиот музички пазар со песни што се претворија во хитови, како што се „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“, „Aroma e saj“ и многу други. Касапи учествуваше на значајни фестивали и соработуваше со познати артисти, создавајќи репертоар што и денес останува слушан.

Со години, Шпати беше важна фигура на албанската поп-музика, задржувајќи ја популарноста со својот препознатлив стил.

Шпат Касапи во декември 2020 година беше разрешен од позицијата советник за култура и општество на вицепремиерот Артан Груби откако месец дена претходно беше приведен поради поседување дрога, објави Канал 5 повикувајќи се на извори од кабинетот на Груби.

Син е на Ѓулумсер Касапи, политичарка на СДСМ и поранешна пратеничка во македонското собрание. Зад себе остави сопруга и едно дете.

Шпат Касапи зборува за периодот кога бил депресивен, вели дека се сомневал дека бил маѓепсан

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk