Италијанскиот пејач Кристијан, кој постигна голем успех со песните „Кара“ и „Даниела“ во 1980-тите, почина на 82-годишна возраст.
Неодамна беше хоспитализиран во Поликлиниката во Милано поради церебрално крварење, а веста за неговата смрт ја објави неговото семејство.
Познатиот пејач беше во брак со водителка и пејачка Дора Морони. По неколку искуства во театарот и филмот, Кристијан го достигна врвот на својата кариера во осумдесеттите години, прво со песната „Даниела“ (1982), а потоа и со хитот „Кара“ (1984).
Учествуваше на шест изданија на Фестивалот во Санремо, но никогаш не победи. Во 1984 година го освои третото место со песната „Кара“.
Во тие години, тој одржа бројни турнеи низ целиот свет, во земји како Австралија, Јужна Африка и Соединетите Американски Држави, каде што, меѓу другото, настапуваше во познатата Медисон Сквер Гарден во Њујорк.
Поради неговиот музички стил и популарноста што ја стекна во осумдесеттите години, тој често беше споредуван со шпанскиот пејач Хулио Иглесијас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата