Латино дивата Џенифер Лопез доживеа несреќа на средина од пробата за нејзиниот претстоен настап на доделувањето на Американските музички награди (AMAs).
Судејќи според фотографиите што се објавени во јавноста, таа си ја удрила главата и си го исекла носот, па дури и морало да ѝ се стават конци.
„Значи... Ова се случи“, напиша Џеј Ло во својата приказна на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која држи кеса со мраз на носот. На следната фотографија, таа покажа како изгледа нејзиниот повреден нос, а во третата објава му се заблагодари на докторот кој ѝ ја заши раната.
„Една недела подоцна и еден тон мраз – сум како нова“, напиша таа.
Таа се разведе од Афлек во февруари
Да ве потсетиме дека Џенифер Лопез официјално се разведе од актерот Бен Афлек во февруари оваа година. Според судските документи, судија на Вишиот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот пријателски развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор преку медијација уште во септември, со што избегна долга судска битка.
Лопез во неодамнешно интервју откри дека им кажала на своите деца Ема и Макс, кои ги има со Марк Ентони, дека се разведува.
„Им реков: „Ви ветувам, ова е тежок период, но ќе видите дека кога сè ќе помине, ќе излезам посилна и подобра.“
Им го ветив тоа – и го исполнив. Сега и тие го чувствуваат тоа, а тоа ми носи огромен мир“, изјави таа за „Ел Паис“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата