logo
logo
logo

5 ГОДИНИ БИЛЕ ВО ТАЈНА ВРСКА: Дали сте знаеле дека Северина ЛУДО ГО САКАЛА овој познат маж (фото)

Vecer | 13.05.2021

5 ГОДИНИ БИЛЕ ВО ТАЈНА ВРСКА: Дали сте знаеле дека Северина ЛУДО ГО САКАЛА овој познат маж (фото)

Како што своевремено пишувале хрватските медиуми, тој бил нејзина прва љубов...

За љубовниот живот на Северина никогаш не се знаеле премногу детали, но хрватските медиуми со години пишувале дека е познато која е нејзината прва голема љубов.

Во прашање е музички продуцент Зринко Тутиќ, кој пред неколку години го гледавме како еден обичен член на жири во “Суперлуѓе“ на ТВ Прва.

- После раскинување со неговата музичка куќа, Северина скоро срамежливо дошла во Кроација Рекордс и уз кафе рекла: “Зошто ние не би соработувале? Тогаш ја изреков реченицата за која мислам дека беше пресудна за нејзината понатамношна работа на естрада – дека Северина треба да раскрсти со својот девојчински стил - раскажал тој во една прилика.

Тој тогаш истакнал дека пејачката треба да изгледа позрела, односно повеќе да не биде девојченце и девојка туку жена.

Северина девојка треба да се претвори во Северина жена и таа тоа сериозно го сватила. Таа е талентирана пејачка која со својата енергија, зрачење, изглед, експресно ги освојува луѓето. – раскажал Тутиќ на Национал.

Ниеден од двајцата никогаш не ги потврдил нити демантирал гласините за врската, но за неа долго се шушкало и пишувало. Наводно парот дури пет години биле во тајна љубовна врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk