Инфлуенсерката Суди Ал Надак е сопруга на милионерот Џамал, кој не прашува колку чини нешто за да ѝ овозможи на сопругата сè што таа сака.
Еден од неговите потези особено ја налути јавноста.
Имено, таа се пофали на социјалните мрежи дека сака да носи бикини, па нејзиниот сакан сопруг веднаш ѝ купи остров вреден 50 милиони долари за да се чувствува безбедно додека носи бикини.
Таа се пофали на социјалните мрежи со видео во кое таа и нејзиниот сопруг летаат со приватен авион и слетуваат на рајски остров.
„Сакаше да носиш бикини, па твојот сопруг милионер ти купи остров“, напиша таа во видеото.
Таа го додаде и следново во описот на објавата: „Ова беше неговата најдобра инвестиција досега“.
Инаку, Суди е позната инфлуенсерка од Дубаи, која ја следат 459 илјади луѓе на Инстаграм и 1,3 милиони луѓе на ТикТок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата