logo
logo
logo

Шварценегер го виде синот гол во Белиот Лотос: „Го гледам, и одеднаш онаа работа...“ (ВИДЕО)

Vecer | 04.06.2025

Шварценегер го виде синот гол во Белиот Лотос: „Го гледам, и одеднаш онаа работа...“ (ВИДЕО)

Арнолд Шварценегер ја коментираше сцената од серијата на HBO „Белиот лотос“ во која неговиот син Патрик Шварценегер се појавува целосно гол.

Зборувајќи за „Варајети“ како дел од серијата „Актори за актери“, Арнолд и Патрик за прв пат отворено зборуваа за глумата, популарноста, семејството - и, секако, познатата сцена со возрасни што предизвика многу реакции.

„Бев шокиран колку буквално ги следиш моите стапки“

„Не можам да верувам“, рече Арнолд.

„Ја гледам твојата серија, го гледам твојот задник. И одеднаш - тоа! Помислив: „Што се случува овде? Ова е лудост.“ И потоа си реков: „Добро, Арнолд, го направи тоа и во Конан и Терминатор, не се жали. Но, ме шокираше колку буквално ги следиш моите стапки.“

Хит-серијата „Белиот лотос“ го лансираше Патрик во центарот на вниманието. Арнолд призна дека глумата на неговиот син го изненадила:

„Пред една година, „Варајати“ дури и не би нè поканило да седнеме овде. Но, по „Бел лотос“, експлодиравме. Твојата глума ме изненади целосно. Не те препознав. Бев воодушевен.“

Арнолд: „Сега ме запираат во теретана поради него“

Патрик одговори: „Ви благодарам. Ова е надреален момент за мене. Иако многу зборуваме, ретко имаме можност да водиме 45-минутен разговор за глумата. Мило ми е што луѓето конечно ја забележуваат мојата работа - работев на многу проекти што ретко кој ги видел.“

Арнолд додаде дека сега често го запираат во теретана со коментари како:

„Твојот син е фантастичен“ или „Го мразев твојот син во таа емисија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk