logo
logo
logo

КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИН Викторија се пофали со мажите во семејството

Vecer | 30.05.2026

КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИН Викторија се пофали со мажите во семејството

Дејвид Бекам (51) веќе со децении важи за еден од најзгодните мажи на светот, а се чини дека добрите гени ги наследиле и неговите синови. Најновите фотографии што ги објави неговата сопруга Викторија (52) ги прикажуваат Дејвид и нивниот 23-годишен син Ромео како уживаат на одмор, а на многумина во очи им падна и нивниот сличен стил, вклучувајќи ги и бројните тетоважи кои ги красат двајцата.

Семеен одмор на Медитеранот

Семејството Бекам моментално одмара на Медитеранот, а Викторија на Инстаграм сподели неколку фотографии од почетокот на летната сезона. На една од нив Дејвид и Ромео позираат на плажа, при што веднаш се забележува дека синот ја дели страста на татко си кон тетоважите. Двајцата имаат голем број тетоважи со лично значење, а Ромео очигледно дел од инспирацијата пронашол токму кај татко му.

Покрај фотографијата од сопругот и синот, модната дизајнерка објави и фотографија од 14-годишната ќерка Харпер, завиткана во крпа по пливањето. Таа сподели и романтичен момент со сопругот Дејвид, снимен во самрак.

Покрај Давид и Викторија, семејството Бекам го сочинуваат и синовите Бруклин (27) и Круз (21).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk