logo
logo
logo

ПРЕСВРТ ВО ХОЛИВУДСКАТА ДРАМА, Лајвли ја загуби првата битка против Балдони

Vecer | 03.04.2026

ПРЕСВРТ ВО ХОЛИВУДСКАТА ДРАМА, Лајвли ја загуби првата битка против Балдони

Судијата Луис Лиман отфрли 10 од вкупно 13 обвиненија за сексуално вознемирување во случајот на Лајвли, вклучувајќи ги и оние за вознемирување и клевета, пренесува „Си-Ен-Ен“.  Така, на 18 мај во Њујорк ќе започне граѓанско судење за само три помали обвиненија против Балдони: прекршување на договор и две точки кои вклучуваат одмазда.

Да потсетиме, оваа правна битка започна кон крајот на 2024 година, кога Лајвли го тужеше Балдони по излегувањето на нивниот заеднички филм „Со нас завршува“ (It Ends with Us), обвинувајќи го за вознемирување и кампања за оцрнување на сетот на нивниот хит филм. Тој ги негираше обвинувањата и поднесе противтужба тешка 400 милиони долари, која вклучуваше граѓанска изнуда, клевета и нарушување на приватноста, но судот претходно ја отфрли таа тужба.

Правниот тим на Лајвли ги обвини Балдони и неговото филмско студио „Wayfarer“ дека планираат да го уништат нејзиниот углед преку манипулација на социјалните мрежи и користење на пријателски настроени новинари за ширење одредени наративи. Актерката го обвини дека сексуално ја вознемирувал на сетот на филмот каде двајцата ги толкуваат главните улоги, а тој е и режисер и дека ѝ се одмаздил поради поднесувањето на тие поплаки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk