Веста за неговата смрт ја потврдија од бендот преку објава на Фејсбук, а информацијата ги потресе многу пријатели, колеги и обожаватели на бендот кои уживаа во звукот на неговата гитара. Публиката најмногу го памети по неговиот долгорочен ангажман во „Атомско склониште“, но неговата музичка кариера беше богата и разновидна. Музичките почетоци на Сворцан започнуваат во 1982 година, кога заедно со пријателот Душко Вујато Амброз го основаа бендот „Негатив“. По тоа следуваа ангажмани во групите „Монах и Лилихип“
Сворчан исто така стана популарен и со бендот „Gori Uši Winnetou“, со кој учествуваше во реализацијата на албумот „Mens Sana In Malvasia Istriana“. Значаен момент во неговата кариера беше 1987 година, кога се приклучи на „Атомско склониште“. Тој период беше особено предизвикувачки за бендот, бидејќи тогаш почина фронтменот Сергио Блажиќ Ѓосер.
Со овој бенд Сворцан сними два студиски албуми: „Criminal Tango“ и „Terra Mistica“, кои оставија значителен белег во историјата на хрватскиот рок. Покрај тоа, тој учествуваше и во албумот „East Europe Man“, кој содржеше англиски верзии на песни наменети за странскиот пазар дополнително ширејќи го музичкиот престиж на бендот надвор од хрватските граници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата