logo
logo
logo

БУГАРИЈА Е НОВ МУЗИЧКИ ШАМПИОН НА ЕВРОПА - Евровизија со драматична завршница

Vecer | 16.05.2026

БУГАРИЈА Е НОВ МУЗИЧКИ ШАМПИОН НА ЕВРОПА - Евровизија со драматична завршница

Бугарија е победник на 70. издание на Изборот за песна на Евровизија, кое се одржа во арената „Винер Штатхале“ во Виена. Во драматично финале со голем пресврт по гласањето на публиката, бугарскиот претставник освои вкупно 516 поени, зацврстувајќи ја лидерската позиција што претходно ја доби и од стручното жири.

На второто место заврши Израел со 343 поени, додека третопласирана е Романија со 296 поени. Во првите пет се пласираа уште и Австралија и Италија.

Во големото финале на овој јубилеен музички спектакл настапија претставници од 25 земји, а домаќин на манифестацијата беше Австрија, по нејзиниот минатогодишен триумф.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk