„Една година без нашиот драг Бора, нашиот брат Боки. Засекогаш со нас Борисав Ѓорѓевиќ-Бора (1.11.1952 – 04.09.2024)“, напишаа тие на социјалните мрежи.
За потсетување, Бора Ѓорѓевиќ почина на 72-годишна возраст во болница во Љубљана по компликации од пневмонија додека се бореше со хронична опструктивна белодробна болест.
Тој остави зад себе безвременски хитови и култен статус на југословенската музичка сцена.
По смртта на Бора, бендот Рибља чорба продолжи да настапува, а новиот фронтмен на групата е Јован Јефтиќ, кој е дел од бендот веќе 10 години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата