logo
logo
logo

НОВА ПЕСНА

Симона Поповска со „Бели ноќи“ преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта

Vecer | 06.10.2025

Симона Поповска со „Бели ноќи“ преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта

Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, која преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта, искушенијата и трансформацијата на човековата душа.

Видеото започнува со апсолутна белина како симбол на почеток и невиност, но постепено се преобликува во маслинестозелена боја која носи двојна симболика – раст и обнова, но и хаос, несовршеност и непредвидливост. Во финалето, белината исчезнува, оставајќи ја сликата на хаотична убавина – живот обоен од искуства, емоции и страсти. И тогаш доаѓа дождот како прочистувачка сила што го симболизира новото раѓање.

„Бели ноќи“ носи урбан звук и текст кој отвора прашања: „Кој е тој што нема тајна, нема рана? Ти си мојот порок, моја мана. Текстот, чиј автор е Робин Зимбаков, е приказ на човечката слабост, но и на силата да се прифати сопствената автентичност. Музиката и аранжманот се со потписот на Панче Касапски, додека зад видеото стојат Крсте Шупев и Стефан Петровски.

Филозофијата е јасна - животот не е создаден за да остане совршен и недопрен. Тој е создаден за да се живее, да се обои и да се преобрази. Трагите не се мани – тие се доказ за раст и идентитет“, вели Симона, која со „Бели ноќи“ уште еднаш ја потврдува својата способност да создава музика што ја надминува забавата и носи уметничка порака.

„Бели ноќи“ е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Симона Поповска:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk