logo
logo
logo

14 ГОДИНИ ЧЕКАШЕ за да испие КАФЕ СО МАЈКА СИ

Vecer | 27.05.2023

14 ГОДИНИ ЧЕКАШЕ за да испие КАФЕ СО МАЈКА СИ

Бритни Спирс со години е во лоши односи со татко и и мајка и, а иако нема знаци дека ќе се смири со нејзиниот татко, кој со години и беше законски старател, се чини дека односите со нејзината мајка тргнале на подобро.

„Поп принцезата“ сега на Инстаграм се отвори за тоа како се чувствува откако ја посети нејзината мајка Лин Спирс.

- Мајка ми се појави вчера на врата после три години, помина толку време. Со семејството секогаш има работи што треба да се решат, но времето ги лекува сите рани. Среќна сум што можам да го соопштам она што го држев екстремно долго време, се чувствувам толку благословено што можевме да се обидеме да ги исправиме работите. Многу ја сакам. Толку сум благословена што можеме да пиеме кафе заедно после 14 години – напишала со нејзината фотографија кога била многу мала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

Таткото на Бритни, Џејми, беше нејзин старател 13 години и ги контролираше и приватниот живот и нејзините финансии. Старателството заврши во ноември 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk