Многу фанови на Евровизија веруваат дека овогодинешното 69-то издание на музичкото натпреварување ќе биде едно од најбизарните и најпровокативните досега.
Иако гледачите веќе се навикнати на необични костими и ексцентрични настапи, изведувачите на Евровизија оваа година го креваат нивото на лудило, но и лош вкус, според Сан.
Во првата полуфинална вечер настапи исландското дуо Веб, за кое многумина сметаат дека има многу необичен настап, а кое исто така потсетува на многумина од поранешните натпреварувачи на британскиот X Factor – близнаците Једвард.
Уште побизарна е ирската претставничка, Еми, која, иако доаѓа од Норвешка, пее песна за мртво куче во вселената наречена „Лајка забава“.
Организаторите во страв
И не е само ексцентричноста она што ги загрижува организаторите, тие очекуваат дека ќе има и потенцијално несоодветни моменти.
Една од најконтроверзните изведувачки е Малтежанката Миријана Конте, чија песна првично била насловена Кант, збор што на малтешки значи „вокална“, но има вулгарна конотација на англиски.
Поради ова, организаторите го сменија насловот на нејзината песна во „Serving“, но сега се плашат дека публиката сепак ќе го скандира зборот „kant“ за време на нејзиниот настап.
Еден обожавател на социјалнaтa мрежи X рече: „Целата арена треба да извикува „Кант“ во нејзина чест“.
Непримерни стихови
Исто така, Финката Ерика Викман ќе изведе танц во латекс кој многумина ги потсети на танцување на шипка, а додека ја пее песната Ich Komme, таа го рецитира текстот: „Полна си со издржливост, удри ме повторно, зграби го мојот задник... Кога сакаш повеќе љубов, само извикај „уште една“, бејби, доаѓам“.
Австралискиот претставник Го-Џо настапува со песната „Милкшејк Мен“, полна со сексуални инсинуации, а ерменскиот претставник Парг го следи истиот пат, изведувајќи ја песната „Серизовр“ гол до половината.
Извор близок до продукцијата изјави: „Има многу провокативни настапи оваа година.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата