Актерот Мајкл Џ. Фокс има Паркинсонова болест од 29-годишна возраст, а по прикажувањето на неговиот документарен филм Still: A Michael J. Fox Movie на филмскиот фестивал South by Southwest (SXSW) во вторникот, опиша каков е животот откако му беше дијагностицирана болеста во 1991 година.
„Сожалувањето е бенигна форма на злоупотреба. Можат да те сожалуваат, но јас немам време за тоа“, изјави ѕвездата на „Враќање во иднината“. Со него на црвениот тепих прошета и неговата партнерка Трејси Полан.
„Имам Паркинсонова болест, но имав добар живот, па благодарам за тоа“, продолжи тој обраќајќи се на Дејвис Гугенхајм, режисерот на документарецот.
View this post on Instagram
Овој документарец го следи животот на Мајкл Џ. Фокс и неговата битка со болеста, а ќе биде објавен исклучиво на Apple TV, но се уште не е објавен датумот на објавување.
Мајкл основал Фондација во 2000 година за да финансира истражувачки програми за борба против Паркинсоновата болест. За фондацијата се собрани повеќе од 450 милиони долари. Неговата посветеност му донесе почесен Оскар минатиот ноември.
Славниот актер го најави своето конечно повлекување од светот на кинематографијата во 2020 година. Како што болеста го фати, тој рече дека сака да ужива во остатокот од животот со своето семејство. Сепак, тој се појави во една епизода од Експедиција: Назад во иднината во 2021 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата