Сè е подготвено за „свадбата на векот“! Милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез ќе го кажат судбоносното „да“ на крајот на јуни во соседна Италија, а позната е и локацијата на Јадранот – една од најромантичните и најубавите, каде што Амал и Џорџ Клуни, како и Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, некогаш се заколнаа на вечна љубов.
Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на идиличниот остров Сан Џорџо Маџоре во Венеција, а наводно ќе ги разменуваат своите завети во култниот театар на отворено таму, пишуваат странските медиуми. Минијатурниот остров со истоимената црква се наоѓа во венецијанската лагуна и гледа кон плоштадот Свети Марко. Идеално место, кон кое, веруваме, никој од непоканетите нема да смее да се приближи во тие денови.
Дел од церемонијата ќе се одржи на суперјахтата на Безос „Кору“, вредна 500 милиони долари.
Се очекува околу 200 гости да престојуваат во луксузни хотели, а меѓу гостите се и бројни познати лица.
Фаталната Лорен неодамна организираше моминска забава во Париз, а како се забавуваше можевме да видиме на Инстаграм, каде објави серија црно-бели фотографии направени на терасата и во ресторанот. Ева Лонгорија, Кети Пери (со која неодамна накратко скокна во вселената), Ким Кардашијан, Крис Џенер се забавуваа со неа, меѓу другите.
„Атмосферата беше многу опуштена и многу париска“, изјави извор за списанието People.
„Засекогаш започнува со пријателство. Опкружена сум со жени кои ме поддржуваа, ми го осветлуваа патот во темни времиња и ми го обликуваа срцето“, напиша Лорен Санчез, објави story.hr.
И покрај гореспоменатите дами, таа на свадбата ги покани и Орландо Блум, Леонардо Дикаприо, Иванка Трамп и уште некои блиски пријатели од светот на богатите и славните. Ако денот се познава по утрото, тоа навистина ќе биде „свадбата на деценијата“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата