logo
logo
logo

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА јубилејниот 70. ЕВРОСОНГ

Vecer | 12.05.2026

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА јубилејниот 70. ЕВРОСОНГ

Јубилејното 70. издание на музичкиот натпревар за песна на Евровизија почнува вечерва во Виена. Австрискиот главен град е украсен со срца и слоганот „Обединети во музиката“ за седмицата кога пејачи од 35 земји ќе се натпреваруваат за музичката круна на Стариот Континент.

Оваа година, пет земји – Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд го бојкотираат натпреварот во знак на протест против учеството на Израел. Сепак, израелскиот пејач Ноам Бетан е меѓу 15-те натпреварувачи кои се во првото полуфинале вечерва во арената „Виенер штадхале“. Првите 10 од ова полуфинале се пласираат во големото финале в сабота заедно со 10-те што ќе се пласираат од второто полуфинале в четврток.

Во Виена се очекуваат неколку пропалестински демонстрации за време на евровизиската недела, а безбедносните мерки се засилени.

Во првото полуфинале ќе бидат изведени 17 песни. Но 15 национални песни се натпреварувачки, а две земји автоматски се квалификуваат за големото финале. Велика Британија, Германија, Франција и Италија автоматски се квалификуваат за финалето бидејќи се меѓу најголемите учесници во натпреварот.

Минатогодишниот победник Австрија како земја домаќин исто така оди директно во финалето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk